Белата куќа објави победа над ковид-19, а во САД расте бројот на заболени

Извештајот на оваа канцеларија во Белата куќа е напишан на 62 страници и ги опишува сите „достигнувања на администрацијата на Трамп во изминатите четири години“.

464

Канцеларијата за наука и технологија во Белата куќа објави дека „пандемијата на коронавирусот е при крај“, што е поставено во самиот врв на достигнувањата на администрацијата на Трамп, и покрај фактот што скоро половина милион Американци само минатата недела беа позитивни на коровавирусот.

Извештајот на оваа канцеларија во Белата куќа е напишан на 62 страници и ги опишува сите „достигнувања на администрацијата на Трамп во изминатите четири години“.






Меѓу истакнатите успеси е наведен и „крајот на пандемијата на коронавирусот“, и дека изјавата на Белата куќа е испратена до сите американски медиуми.

– Од почетокот на пандемијата, администрацијата презеде решителни активности за ангажирање на научници и здравствени работници од академијата, индустријата и владата за истражување, лекување и победа на болеста предизвикана од ковид-19 – се вели во соопштението.

Ваквите изјави од Белата куќа доаѓаат во време кога во САД се бележат рекордни бројки на заболени со коронавирусот.

Само минатата недела беше поставен нов, трагичен рекорд од 83.000 новоинфицирани за еден ден или просечно 70.000 во последните седум дена, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата.

Во болниците има скоро 45.000 лица заразени со коронавирусот. Пред еден месец, во болниците имало околу 30 000 пациенти.

„CNN“ потсети дека Трамп постојано го намалувал бројот на заразени, велејќи дека за тоа е виновно „масовното тестирање“.

Сепак, случаи на инфекција ја погодија и администрацијата на Трамп, меѓу кои најмалку петмина асистенти на Мајкл Пенс, кандидатот за потпретседател, беа позитивни на коронавирусот.

По медиумските барања за коментар, портпаролот на канцеларијата, Кристина Баум, го посочи целиот извештај и ги посочи сите важни достигнувања на администрацијата на Трамп.

– Одличната работа што администрацијата на Трамп ја прави за да се стави крај на пандемијата е врвен приоритет и вреди да се потенцира – рече таа.

Баум се правдаше дека во тоа соопштение не пишува дека пандемијата е готова, туку дека тие сакаат да ги истакнат достигнувањата на администрацијата на Трамп во борбата против коронавирусот.

Во САД досега повеќе од 8,7 милиони луѓе биле заразени со коронавирусот, а околу 226.000 луѓе починале.

Поврзани содржини