БЕЛАТА КУЌА ЈА ДОБИ БИТКАТА ЗА СТАТУСОТ НА 500.000 МИГРАНТИ Нема повеќе „привремена работа од 2 години“ во САД

Белата куќа ја „прослави“ можноста за депортирање на 500.000 „напаѓачи“, изјави за Си-Ен-Ен заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер.

785

Врховниот суд на САД во петокот ѝ даде зелено светло на администрацијата на Трамп да го поништи, засега, легалниот статус на стотици илјади мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, покажаа судските документи во кои имаа увид американски медиуми.

Наредбата на судот е непотпишана и не се дадени никакви образложенија.






Судиите Кетањи Браун Џекон и Соња Сотомајор не се согласија, предупредувајќи на „разорните последици“ од нарушувањето на „животот и егзистенцијата на речиси половина милион недржавјани додека нивните законски барања се во тек“, според документот.

Би-Би-Си пишува дека пресудата ја стави во мирување претходната наредба на федералниот судија со која се запре администрацијата да ја прекине програмата за имиграција со „условна слобода“, воспоставена од поранешниот претседател Џо Бајден.

Програмата за условна слобода им овозможува на имигрантите привремен статус да работат и живеат во САД две години поради „итни хуманитарни причини или значајна јавна корист“, според американската влада.

Белата куќа ја „прослави“ можноста за депортирање на 500.000 „напаѓачи“, изјави за Си-Ен-Ен заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер.

– Врховниот суд праведно интервенираше – изјавил Милер.

Новата судска победа на администрацијата на Трамп доаѓа откако Апелациониот суд ја уважи жалбата во врска со укинувањето на глобалните царини на Трамп и привремено ги врати на сила додека случајот не добие разврска.

Поврзани содржини