Бела ноќ: Се гледаме низ Скопје

Ретроспективна изложба на академскиот сликар Димитар Младеновски, театарски претстави, концерти,...уште изложби,.. Скопјани, ве чека долга ноќ, поинаква од сите досега - според протоколите во услови на Ковид 19.

825

Утре, од 18 часот, во рамките на овогодинешната, 16-та по ред Бела Ноќ, во галеријата на МКЦ ќе се одржи Мултимедијална (изложба, музика, поезија) ретроспективна изложба во чест на академскиот сликар Димитар Младеновски (1970-2007).

Станува збор за изложба на досега необјавени дела (графики, цртежи, рачно изработена хартија), организирана од здружението за културна мотивација „Култи Ватор“ од Скопје.
Изложбата ќе биде отворена за посета до 02.10.2020 година.






Освен оваа изложба, во рамките на Бела ноќ, на 10 различни локации низ градот, ќе се случуваат настапи на уметници, музичари и перформери. Уште многу концерти, изложби, кино, театарски претстави и многу други културни содржини.
Главниот настан е во СЦ „Борис Трајковски“, од 20 и 30 часот. Станува збор за концертот СКОПСКИ ЕВЕРГРИНИ со Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Дарио, Јаков Дренковски, Силви Бенд, Мики Јовановски Џафер, Фиц Студени Нозе, Венко Серафимов, Леа, Дупер во придружба Баги Биг Бенд.
Уште еден концерт и во паркот зад МКЦ со почеток во 18 часот – Ние сме Скопје! (ПМГ Колектив, Сетстат, Барум Барум, Галатеа, Роботек, Видиновски, Кантон6, Александар Велики, Светлост.)
Џез концерт, оперски концерт, студентски и професионални театарски претстави, кино претстави, и уште многу културни содржини до утринските часови.
Се гледаме низ Скопје, порачуваат организаторите.
За време на Бела ноќ се препорачува да се почитуваат мерките за заштита од корона вирус.
Поврзани содржини