БЕЛА НОЌ САМО ДО ПОЛНОЌ Утре скопјани ќе уживаат, ама по ковид-протоколи
Тоа што ќе биде различно од другите години е дека кафулињата ќе работат само до полноќ заради корона-мерките, што значи, ќе затворат во исто време со настаните, обзнанува Град Скопје. Секако, за влез на кој било од бесплатните настани ќе ви треба ковид-потврда.
„Бела Ноќ“ ќе осамне над Скопје утре по 17-ти пат, а оваа година скопјани бесплатно ќе можат да видат различни изложби, оригинални перформанси и настани на 13 локации низ градот. Тоа што ќе биде различно од другите години е дека кафулињата ќе работат само до полноќ заради корона-мерките, што значи, ќе затворат во исто време со настаните, обзнанува Град Скопје.
„Белата ноќ“ стана традиција на Скопје по примерот на повеќе европски градови. За многумина таа е едно уникатно културно доживување. Таа ќе започне во 19 часот, а на сите локации кои ќе може да ги посетите ќе морате да ја покажете вашата ковид-потврда пред редарите во музејот, киното или друго место.
„Поради запазување на капацитетот и бројот на присутни посетители, ќе важи „прв дојден – прв услужен“, се вели на официјалната веб-страница.
Разгледајте ја програмата на „Бела Ноќ‘ на следниот линк: https://www.belanok.com/home
Еве го и флаерот.