📷 БЕЛА ХАДИД ШОКИРАШЕ СО СВОЈОТ ИЗГЛЕД „Ѝ се гледаат ребрата, изгледа болно!“
Иако во светот на манекенките и моделите тоа како да е некое непишано правило, но Бела со своето последно појавување во јавност предизвика загриженост меѓу нејзините обожаватели со својот изглед.
Манекенката Бела Хадид од ден на ден изгледа сè послабо. Иако во светот на манекенките и моделите тоа како да е некое непишано правило, но Бела со своето последно појавување во јавност предизвика загриженост меѓу нејзините обожаватели со својот изглед.
Имено, таа беше забележана во Париз, во текот на снимањето на серијата „Убавината“ (The Beauty), а нејзината тенка фигура стана предмет на дискусија на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Ова се случува кога мајка ти ти вели да изедеш неколку бадеми ако си гладен“, „Не можам да преминам преку новиот моден циклус на изгладнети тела и ниски фармерки“, „Ѝ се гледаат ребрата, изгледа болно!“, „Не сакам да звучам злобно, но овие фотографии се загрижувачки“, „Премногу е слаба“ се дел од коментарите на Инстаграм.
View this post on Instagram
Многумина спомнаа и нарушувања во исхраната како анорексија, па дури и зависности.
„Изгледаше како да се опоравила, што се случи?“, „Не смееме ова да го нормализираме“, „Доста ми е од овие шетачки реклами за нарушувања во исхраната“, „На неа нема ништо здраво“, „Ова е веќе клинички случај“, коментирале нејзините обожаватели.
View this post on Instagram