Бектеши: Угостителите ќе почнат да работат кога ќе кажат здравствените експерти

Како Министерство ги дадовме своите забелешки и сугестии за пртотоколот што ни беше доставен, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести,- изјави Бектеши. 

443

Министерството за економија како надлежно за секторот угостителство ги почитува сите предлози и препораки од Комисијата за заразни болести. Во зависност од препораката од Комисијата, владата ќе расправа и ќе донесе соодветна одлука кога ќе почнат со работа угостителските објекти, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Комисијата и предлага на Владата кои објекти првично ќе бидат отворени и во кои фази кои објекти и кои сектори првично ќе почнат со работа. Како Министерство ги дадовме своите забелешки и сугестии за пртотоколот што ни беше доставен, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести – изјави Бектеши.

 

Поврзани содржини