БЕКТЕШИ ТВРДИ – ОД УТРЕ ЕСМ ЈА ПРЕЗЕМА БЕГ Владата денеска ќе го добие предлог-договорот за соработка

Министерот за економија Крешник Бектеши влеи дека владата денеска ќе го добие предлог договорот од ЕСМ.

350

ЕСМ денеска попладне на владина седница треба да го достави Предлог-договорот за соработка со БЕГ и веќе од утре да го преземе управувањето со топлинската енергија. Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека греењето ќе биде продолжено до еден часот по полноќ и оти ќе нема намалување на температурата на греење.

– Денеска попладне ќе имаме владина седница на која ЕСМ е обврзан да го достави Предлог-договорот за техничка соработка со БЕГ. Согласно одлуката за прогласување на кризна состојба во делот на топлинската енергија, дополнително ќе вбризгуваме средства во ЕСМ. Од утре, ЕСМ ќе управува со БЕГ снабдување, БЕГ дистрибуција и БЕГ производство со цел граѓаните на град Скопје во континуитет и сигурно да бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона – изјави денеска Бектеши.






Договорот меѓу ЕСМ и БЕГ, како што најави, ќе биде јавно достапен.

Претходно владата информира дека договортот за преземање на управувањето со БЕГ и „Скопје Север“ од страна на ЕСМ се подготвува во Министерството за економија и се чека во влада да се одобри.

Поврзани содржини