БЕКТЕШИ ПРИЗНА, НА РЕД Е ОБВИНИТЕЛСТВОТО Сега треба да сноси одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ

1,278

Добро е што Крешник Бектеши призна дека правел притисок, а сега Јавното обвинитеслсство и судството да постапат и да сноси и одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако поранешниот министер ја објави пораката што му ја пратил на охридскиот началник на полицијата ден пред изборите, на 7 мај 2024 година.

„Како тоа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок? Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци? Што за Бектеши се млади луѓе дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело? Која порака Бектеши ја упатува до младите? ДУИ наместо да фолира по медиумите, подобро ќе биде самата да се огради од таквите како Бектеши што побрзо“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






„СРАМ ДА ВИ Е ШТО СЕ ЗАНИМАВАТЕ СО МЛАДИ ЛУЃЕ“ Бектеши ја објави пораката што му ја пратил на началникот

 

КРИВИЧНА ЗА БЕКТЕШИ, ЈА ПОПРЕЧИЛ ПРАВДАТА НА ДЕНОТ ПРЕД ИЗБОРИТЕ Му пратил порака на полициски началник во Охрид

Поврзани содржини