Бектеши: Потпишани се договори за изградба на фотоволтаици од 21 мегават на приватно земјиште

Инвеститорите имаат три години да ги завршат работите околку изградбата на фотонапонските централи по што ќе потпишат договори за користење премиуми во траење од 15 години.

508

Успешно е спроведен тендерот за фотонапонски централи на приватно земјиште со кој  се потпишани договори за изградба на централи со јачина од  21 мегавати, соопшти денеска на прес- конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

–  На огласот беа стасани 44 понуди, за 21 мегавати, а се потпишани договори со 23 инвеститори кои ќе градат на 29 различни локации. Од 0 до 200 киловати се потпишани 7 договори со јачина од 800 киловати. Од 201  до 500 киловати се потпишани 6 договори за инсталиран капацитет од  2,4 мегавати. Од 501 до  1.000  киловати потпишани се  12 договори со инсталирана моќност од 10 мегавати, додека од 1 до 3 мегавати потпишани се  4 договори со инсталиран капацитето од 8,16 киловати – рече Бектеши.






Инвеститорите имаат три години да ги завршат работите околку изградбата на фотонапонските централи по што ќе потпишат договори за користење премиуми во траење од 15 години.

На годишно ниво државата ќе исплати 420.000 евра премиум зависно од произведеното количество струја и за приватно и за државно земјиште.

Бектеши рече дека со добиениот износ од првиот тендер за изградба на фотоволтаици на државно земјиште од 3 милиони евра, се обезбедени пари за плаќањето на премијата во наредните седум години за фотоволтаиците на државно и приватно земјиште за кои треба да се исплаќа премиумот.

Бектеши рече дека со досегашните тендери за изградба на фотоволтаици на државно и приватно земјиште како и фотоволтаичните централи кои ги гради ЕСМ во Осломеј, и планираната во РЕК Битола вкупно ќе бидат изградени фотоволтаици од 200 мегавати како што беше ветено.

 

Поврзани содржини