Бектеши: Оваа недела ќе биде објавен огласот за ваучерите за домашен туризам

Секторот за туризам во текот на денов ќе го достави до стопанските комори за да ги дадат и последните коментари - рече министерот.

366

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека веќе е подготвен огласот за ваучерите за домашен туризам од страна на Министерството за економија и во текот на неделава ќе биде објавен.

– Секторот за туризам во текот на денов ќе го достави до стопанските комори за да ги дадат и последните коментари. Откако за два до три дена ќе ги добиеме ќе го објавиме – рече Бектеши како одговор на новинарско прашање по промоцијата на платформата safetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“.

Поврзани содржини