БЕКТЕШИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, А ИЛИЈЕВ И ДИМИТРОВСКИ ВО КУЌЕН Судот во Штип ги одби жалбите на осомничените за пожарот во „Пулс“

Тројцата се осомничени во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 61 лице.

252

Апелациониот суд во Штип ги одби како неосновани жалбите на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и ексградоначалниците на Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски, со што Бектеши останува во притвор, а Илијев и Димитровски во куќен притвор. Тројцата се осомничени во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 61 лице.

Во притвор останува и поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ која ставила потпис на втората лиценца за вршење на угостителска дејност на дискотетката. Судот постапуваше по 8 жалби од кои само една прифатена каде мерката од куќен притвор се приначува со мерки на претпазливост за еден од осомничените, инспектор во Државниот пазарен инспекторат од Виница.

Поврзани содржини