Бектеши: Не прифаќам ултиматуми, угостителите доволно беа поддржани

Министерот за економија ги охрабри угостителите да протестираат.

791

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оцени дека  угостителите имале доволно помош во четвртиот пакет мерки и дека не се заборавени ниту во петтиот пакет економски мерки. Тој смета дека нивниот денешен протест ултиматум за државата, но ги охрабри да протестираат.

– Имаше директни грантови за угостителите со 4-тиот пакет мерки, но ниту една дејност нема да биде заборавена и со петтиот пакет мерки. Не се согласувам со ултиматумите, а секако ги охрабрувам на искажување на своето мислење преку протести. Осум месеци се плаќаат платите од државата, вклучувајќи го тука и угостителството. Секако ќе има и други олеснувања – рече Бектеши.- рече Бектеши.






Тој појасни дека Владата не ги носи протоколите за работа.

– За тоа е задолжена професионална комисија составена од експерти во делот на пандемијата, а ние само ги почитуваме нивните предлози. Во моментот кога ќе добиеме одреден протокол секако дека ќе ги усвоиме како Влада – рече Бектеши.

Угостителите во периодот од 14 до 17 часот денеска ќе ја блокираат раскрсницата на булеварот Александар Македонски незадоволни од тоа што не им се дозволува да работат.

Поврзани содржини