БЕКТЕШИ НАЈАВИ МОЖЕН МЕЃУНАРОДЕН СПОР СО „БУЛГАРГАСТРАНС“ Од Бугарија се бара да ослободи дополнителни капацитети на гасоводот

Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши.

221

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на нашето барање до Европската комисија за таксата што ја воведе Бугарија за транзит на рускиот гас.

– До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши вечерва во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.






Министерот појасни дека потребите за гас за Топланите и за индустријата се обезбедени до крајот на месецот од претходно склучени договори, но иако претходната година се зголеми капацитетот на гасоводот со Бугарија и се ослободија дополнителни 180 илајди метри кубни, сепак тоа не е доволно за да се обезбедат сите потребни количини за целата индустрија.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра.

Поврзани содржини