Бектеши: Можно е угостителите да работат до 23 часот
Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, рече Бектеши.
Од 21 јануари најверојатно ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести.
– Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, рече Бектеши.