Бектеши: Можно е рокот на неискористени платени аранжмани да се продолжи
Министерот за економија информира дека најголем број од неискористени и платени аранжмани се за Грција.
Не е исклучена можноста доколку е потребно да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани што граѓаните ги платиле, а не можеле да ги искористат поради пандемијата, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
– Со уредба со законска сила минатата година направивме измена во Законот за туристичка дејност со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните кои веќе платија аранжмани, а не можеа да ги искористат поради рестриктивните мерки. 90 отсто од овие аранжмани, кои се пријавени во Министерството за економија, се за патување во Грција. Во случај и оваа година да не можат да бидат искористени, секако дека ќе направиме измени и ќе го продолжиме рокот – рече Бектеши.