Бектеши: Кратењето на платите на администрацијата не се разгледуваше во ребалансот на Буџетот

Јас и Ангеловска може да имаме различни ставови, но ние сме дел на една Влада и последните одлуки ги носиме колективно и ги почитуваме.

612

Министерот за економија Бектеши одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекува ребалансот на Буџетот да се случи многу наскоро, можеби и во текот на следната недела, како и тоа дека во ова не било вклучено кратењето на платите на јавната администрација, за што тој и министерката за финансии имаат различни ставови.

– Јас и Ангеловска може да имаме различни ставови, но ние сме дел на една Влада и последните одлуки ги носиме колективно и ги почитуваме. Што се донесува до подготвувањето на ребалансот и подготвувањето на третиот сет на економски мерки, ние имаме одлична соработка со министерката. На дневна основа соработувам со цел да создадеме што подобри мерки кои ќе бидат поддршка на стопанството и на граѓаните – изјави министерот Бектеши.






Тој во врска со кратењето на платите на вработените во јавната администрација, потенцираше ова прашање не било отворено како тема кога станувало збор за ребалансот на Буџетот.

Поврзани содржини