БЕКТЕШИ И АРИФИ ДОБИЈА „БЕСА“ ОД СЛУПЧАНЦИ Екипите на ЕВН ќе можат безбедно да влезат во селото

Од Електродистрибција нѐ информираа дека нивните екипи ќе започнат со санирање на дефектот поради кој селото Слупчане немаше електрична енергија, а жителите од ова село ги спречуваа да влезат.

3,013

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи по разговорот на жителите на Слупчане, добиле „чесен збор“ („беса“) дека нема да ги нападнат екипите на ЕВН и дека тие може да влезат во селото и да го санираат дефектот.

– Дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време по добиени гаранции од страна на министерот за економија, кој заедно со градоначалникот на Липково се договориле со мештаните за да не ги спречуваат екипите на Електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување на нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија – нѐ информираа од Електродистрибуција.






– Проблемот со снабдување со електрична енергија во селото Слупчане денеска ќе биде решен. Сите граѓани мора да плаќаат за потрошената електрична енергија, а Министерството за економија ќе помогне во секоја ситуација каде што има потреба, согласно надлежностите кои ги имаме – изјави за медиумите министерот за економија Бектеши откако поради неовластено користење на струјата од страна на мештаните настана дефект на преносната мрежа на електрична енергија во неколку села во Липковско.

Вчера жителите на кумановското село Слупчане со палење гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН, кои неколку месеци се обидуваат да стават ред во наплатата на струја во оваа општина.

Од ЕВН нѐ информираа дека во вчерашните доцни часови лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во сопственост на Електродистрибуција, во обид сами да го вратат напојувањето со струја во селото.

(ВИДЕО) ГОРИ СЛУПЧАНЕ Жителите палат гуми за да не влезе ЕВН во селото

СЛУПЧАНЕ ВЕЧЕРВА Е ВО МРАК Селото остана без струја поради неконтролирани кражби од мештаните

СЛУПЧАНЦИ ОБИЛЕ ТРАНСФОРМАТОР И САКАЛЕ ДА ПРИКЛУЧАТ СТРУЈА Оризаре, Ваксинце и Лојане се без електрична енергија поради несовесните соседи

Поврзани содржини