Бектеши ги повика бизнисмените да не ги отпуштаат работниците
Тој рече дека следати нов сет мерки на владата.
Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика бизнисмените да не ги отпуштаат работниците бидејќи се подготвуваат нов сет на економски мерки на владата.
-Бизнисмените да почекаат и да не ги отпуштаат работниците. За кусо време ќе имаме нови мерки кои ќе им помогнат да ги задржат работниците- и да ја задржат ликвидноста – рече Бектеши.
Тој рече дека се лажни вестите за отпуштање на работници во автомобилската индустрија.
-Во овоие комапнии работниците не се отпуштени туку тие се испратени на годишен одмор – рече Бектеши.