Бектеши: Финансиска поддршка за компаниите кои беа храбри и инвестираа и покрај кризата
Во третиот сет мерки обезбедивме поддршка и за компаниите кои беа храбри, кои и покрај економската криза, односно се охрабрија и за време на коронакризата да продолжат да работат во нивниот раст и развој, во подобрувањето на конкурентоста и модерницација на процесот за производство – изјави Бектеши.
Министерот за економија Крешник Бектеши информираше за јавниот повик за финансиска поддршка од 20 милиони евра на деловните субјекти кои инвестирале во време на пандемија.
– Во третиот сет мерки обезбедивме поддршка и за компаниите кои беа храбри, кои и покрај економската криза, односно се охрабрија и за време на коронакризата да продолжат да работат во нивниот раст и развој, во подобрувањето на конкурентоста и модерницација на процесот за производство – изјави Бектеши.
Тој додаде дека со оваа мерка не се опфатени следните компании: Компаниите кои имаат негативен финансиски резултат во 2019 година, вршат дејност од областа на примарно земјоделство, шумарство и рибарство, вршат градежни дејности поврзани со изградба и продажба на стамбено-деловни згради, работат во индустриите за производство на јаглен и челик, се поддржани со други мерки и механизми за поддршка на специфични сектори, како што се банкарскиот, финансиските услуги и слично, вршат дејности од јавен интерес утврдени со Закон, вршат лиценцирана дејност, вршат регулирана дејност чија цена ја одредува независно регулаторно тело, се корисници на право на концесии на добра од општ интерет, вршат дејности повразни со наменско производство, произведуваат акцизна стока, освен акцизна стока наменета за фармацевтските, медицинските и индустриско лабораториски цели, како и вршат дејност трговија, дали е тоа на мало или големо, освен ако инвестираат во основни средства и објекти.
– Висината на финансиската поддршка ќе изнесува 25 проценти од реализираната инвестиција според инвестицискиот план што ќе се достави од страна на апликантот, но не повеќе од 40.000 евра за компании кои лани оствариле вкупен приход не повисок од 1 милион евра, до 100.000 евра за компании кои имале вкупен приход од 1 до 10 милиони евра, 140.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход од 10 до 50 милиони евра и 200.000 евра за компании кои имале вкупен приход над 50 милиони евра – информираше министерот.
Бектеши додаде дека за оваа намена од Владата се предвидени 20 милиони евра, а сите заинтересирани компании во веќе објавениот јавен повик можат да достават апликации со потребните документи:
– Треба да се достави инвестициски план, тековна состојба на деловниот субјект, биланс за успех за 2019 година, како и пресметка на аконтациите на данокот за добивка за месеците, март, април и мај 2020 година.
– Сакам да ја користам приликата да ги информирам сите компании, да ја искористат оваа можност, да аплицираат во министерството имајќи во предвид дека рокот за доставување на апликациите е до 31 јули. Со тоа ќе им помогнеме на компаниите дополнително да инвестираат, да ги подобрат нивните капацитети, да бидат попродуктивни и секако да добијат нови пазари – вели Бектеши.