Бектеши: Буџетот треба да го ослободиме од „Пошта“ и другите државни загубари
Министерот за економија рече дека едно од можните решенија стабилизирање на состојбата во „Пошта“ или кај другите загубари е и моделот на јавно-приватно партнерство.
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека Владата мора да донесе решенија за државните загубари, меѓу кои и „Поштата“ за да го ослободи Буџетот од големиот товар кој секоја година го носи за покривање на нивните загуби.
Бектеши рече дека моментално се разговара за „Пошта“ нејзиното приватизирање и затоа е одложена либерализацијата на поштенскиот пазар.
– Почната е подготовка на физибилити студија. Потоа од наодите ќе зависи каква одлука ќе донесеме за „Пошта“. За сите претпријатија кои работат со загуба ние треба да најдеме соодвтетни модели како да ги стабилизираме со цел да ги подобрат услугите, но притоа да немаме негативен инпакт по буџетот како досега – рече Бектеши.
Тој додаде дека едно од можните решенија стабилизирање на состојбата во „Пошта“ или кај другите загубари е и моделот на јавно-приватно партнерство.