📷 🎥 БЕКЕР ПО ПЕТТИ ПАТ ЌЕ СТАНЕ ТАТКО Со 23 години помладата сопруга го чекаат своето прво дете
Поранешниот тениски ас Борис Бекер и неговата 23 години помлада сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро го очекуваат своето прво дете!
Поранешниот тениски ас Борис Бекер (57) и неговата 23 години помлада сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро го очекуваат своето прво дете!
Бекер ја сподели добрата вест на својот официјален Инстаграм профил во форма на емотивно видео.
Неговата сакана гордо позираше пред објективот на камерата, а нејзиниот труднички стомак беше забележлив.
„Мало чудо доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа“, напиша тој во описот на фотографијата, а бројни корисници на мрежата испратија честитки и позитивни реакции.
Објавата беше илустрирана со видео од неговата 35-годишна сопруга како го покажува својот труднички стомак.
View this post on Instagram
Бекер и Лилијан се запознаа во Лондон во 2022 година, во период во кој 57-годишниот Бекер имаше проблеми со правосудниот систем и беше осуден на две ипол години затвор за банкрот и даночно затајување.
Монтеиро, чие потекло е од Сао Томе и Принсипе, е родена во Рим во 1990 година и работи како аналитичар за политички ризици. Двојката живее заедно во Италија и се венчаа во 2024 година во Портофино, а во моментов го очекуваат своето прво дете.
View this post on Instagram
Ова ќе биде петто дете на Бекер. Од првиот брак со Барбара Фелтус, тој ги има синовите Ноа, роден во 1994 година, и Елијас (1999 година). По разводот, во бурна судска битка, беше потврдено дека тој е татко на ќерката Ана (2000 година), која ја доби со руската манекенка Ангела Ермакова. Од вториот брак, со холандската манекенка Лили Керсенберг, тој го има синот Амадеус, роден во 2010 година.