БЕКАМОВИ ПОВТОРНО СО ШЕСТ ЧЛЕНА Викторија доби модно признание во Париз па му се заблагодари на семејството

Семејството Бекамови се појави заедно во Париз, со двајца нови членови на семејната фотографија, само една недела по шокантната објава на Бруклин за нивната тековна семејна кавга која, патем, ги надмина границите на приватноста и го подели светот на - оние за родителите и оние за синот и снаата

420

Дејвид (50) и Викторија Бекам (51) се појавија во Париз на модната ревија на Скијапарели, во придружба на нивните деца – ќерката Харпер (14) и синовите Круз (20) и Ромео (23).

Тоа беше нивното прво јавно појавување по избувнувањето на јавниот конфликт со Бруклин и неговата сопруга Никол Пелц, а она што беше особено значајно беше што сите се појавија – заедно.






Токму со ова му испратија на својот „одметнат“ син – јасна порака за единството и заедништвото што го негуваат во моментите кога тој реши да се дистанцира и да предизвика разгорување на расправијата во јавноста.
Двојката Бекам избра координирани црни комбинации: Дејвид беше во класично одело со вратоврска, Викторија во елегантен тесен фустан со висок прорез и високи потпетици.

Најмладата членка на семејството, Харпер, се појави во речиси идентична облека, исто така носејќи долг црн фустан сличен на оној на нејзината мајка.

Нивните помлади синови, Круз и Ромео, беа со нивните девојки, Џеки Апостел и Ким Трнбул кои се придружија на семејната фотографија откако на Викторија ѝ беше доделено модно признание.

Викторија Бекам му се заблагодари на семејството и на сопругот Дејвид Бекам откако го доби признанието Chevalière de l’Ordre des Arts et des Lettres од француското министерство за култура.

– Отсекогаш длабоко се восхитував на француската естетика и сериозноста со која таа се однесува кон модата: како форма на уметност. Затоа, да бидам признаена тука и прифатена на овој начин, е длабока привилегија – привилегија што одразува децении посветеност.

Искрена благодарност до француската министерка за култура, Рашида Дати, за оваа чест. Им благодарам и на деловните партнери кои веруваа во мене, на моето семејство, а особено на Дejвид – мојот сопруг и првичен инвеститор. Не би можела да бидам поблагодарна, вие сте моето сè xx – напиша Викторија покрај објавата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Дејвид на својот Инстаграм напиша посвета во која кажа дека е горд на Викторија порадии сè што постигнала: @victoriabeckham ❤️🎖️ Да го добиеш признанието Chevalière de l’Ordre des Arts et des Lettres од страна на француското Министерство за култура… никој не го заслужува тоа повеќе од тебе x Те сакаме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

 

Поврзани содржини