Дејвид Бекам изолацијата одлучи да ја искористи на продуктивен начин.
Тој на својот профил на Инстаграм со обожавателите сподели видео-снимка во која прави кошница за пчели.
Снимката го прикажува Бекам како фокусирано и вешто ракува со чекан. Но, кошницата сѐ уште е во рана фаза. Во исто време, Викторија Бекам ја објаснува процедурата и коментира дека убаво е да се има свој мед.