Бекам се надева дека синовите ќе речат оти е кул татко, еве зошто
Како што пишува „Daily Star" , Бекам ќе добие дури 45 милиони евра за соработката со ЕА Спортс, пренесува Хина.
Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам потврдил дека потпишал тригодишен договор со ЕА Спортс и дека неговиот лик ќе биде присутен во играта ФИФА 21.
Бекам на Инстаграм напишал дека е многу горд дека негова фотографија се наоѓа и на кутијата со игри, а истовремено неговиот лик ќе биде меѓу фудбалските икони во тимот на ФИФА идните три години.
Како што пишува „Daily Star” , Бекам ќе добие дури 45 милиони евра за соработката со ЕА Спортс, пренесува Хина.
Бекам кој во кариерата играше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, ПСГ и ЛА Галакси, веќе ја красел амабалажата на игрите 1998 година.
– По 23 години многу сум горд дека сум повторно на наловна и се враќам на терените како фудбалска икона со некои од мојте стари соиграчи. Можеби мојте синови сега ќе посмислат дека сум кул татко – додал Бекам.