📷 БЕКАМ РАСКИНА СО ДЕВОЈКАТА И ВЕДНАШ СИ НАЈДЕ ДРУГА Германската инфлуенсерка е седум години постара од Ромео

Семејството Бекам никогаш не престанува да биде инспирација за светските медиуми, овој пат нивните синови се во фокусот.

2,300

Семејството Бекам никогаш не престанува да биде инспирација за светските медиуми, овој пат нивните синови се во фокусот.

Славниот пар, Дејвид и Викторија Бекам, се најдоа во центарот на вниманието откако го прославија 50-тиот роденден на Дејвид без присуство на нивниот најстар син, Бруклин.






Наводно, сè се случило поради врската помеѓу Ромео Бекам и Ким Тернбул, за која се вели дека некогаш била во врска со Бруклин. Набргу потоа стигна вест дека Ромео е повторно слободен, но дека е во пријателски односи со Ким.

На младиот Бекам не му требаше долго време да си најде нова девојка, ако може да се верува на пишувањето на „Дејли мејл“.

Ромео беше фотографиран од папараците додека излегуваше од хотел во Париз, а беше придружуван од седум години постарата Германка Каро Даур, која е позната како инфлуенсерка.

 


Потенцијалниот пар изгледаше доста среќно и насмеано, а наводно ја продолжиле забавата во еден од клубовите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caroline Daur (@carodaur)


Сè уште нема официјална потврда за новата врска, иако Бекам и со претходната девојка на почетокот беше мистериозен. Сепак, она што малку ги збунуба фановите е фактот дека тој сè уште не ги избришал старите фотографии со Ким што се на Инстаграм.

 

Поврзани содржини