БЕКАМ ОТКРИ НЕВЕРОЈАТНА РАБОТА Викторија веќе 25 години јаде ист оброк
Поранешниот фудбалер вели дека сака да експериментира во кујната, а дека неговата сопруга ретко отстапува од своето мени.
Викторија Бекам со години ја одржува витата линија, а нејзиниот сопруг Дејвид зборуваше за тоа како се храни модната дизајнерка.
Во подкастот „River Cafe Table 4“, тој се пожалил дека Викторија го јаде истото јадење цели 25 години. Сака риба приготвена на скара и зеленчук варен на пареа.
Поранешниот фудбалер вели дека сака да експериментира во кујната, а дека неговата сопруга ретко отстапува од своето мени.
„Станувам многу емотивен околу храната и виното. За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна веќе 25 години. Откако ја запознав, таа јаде само риба на скара и варен зеленчук, ретко прави исклучок“, рекол Дејвид.
„Единствениот пат кога сакаше да јаде нешто од мојата чинија беше кога беше бремена со нашата ќерка Харпер и беше неверојатно. Тоа беше еден од моите омилени моменти. Не се сеќавам каква храна беше, но знам дека тоа не го јадела оттогаш“, додал славниот фудбалер.
Неодамна бил сам дома и открил дека сака да се почести со добра храна.
– Неодамна бев во изолација пет дена бидејќи бев во Италија, а родителите на Викторија имаа забава, но не можев да одам поради тоа. Така што никој немаше дома освен мене и тоа ми се допадна. Изедов две најневеројатни парчиња месо. Пиев прекрасно вино и попладнето гледав фудбал – рекол Дејвид.
По виното и фудбалот, Дејвид си подготвил храна на скара и рекол дека таквите вечери му се најомилени.
Веќе претходно Викторија откри дека не јаде храна подготвена со масло, путер и сосови и дека избегнува црвено месо и млечни производи. Најмногу сака, како што рекла таа, леб на тост или зеленчук на пареа со малку зачин.
– За повеќето ресторани, јас сум веројатно најлошиот кошмар. Обожавам зеленчук на пареа. Сакам да готвам храна на многу едноставен начин. Не сакам масла, путер или сосови”, рекла Викторија, која секојдневно вежба.