БЕКАМ НА ПРОСЛАВАТА ЈА БАКНАЛ ЌЕРКА СИ ВО УСТА Луѓето шокирани: Ова не е нормално (ФОТО)

Фудбалерот во текот на прославата ја бакнал во уста својата десетгодишна ќерка Харпер Севен, што предизвикало голем број негативни коментари кај неговите следбеници.

1,019

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам ја дочекал Новата година во кругот на семејството, а неговата славеничка објава на Инстаграм предизвикала низа критики во коментарите.

Имено, фудбалерот во текот на прославата ја бакнал во уста својата десетгодишна ќерка Харпер Севен, што предизвикало голем број негативни коментари кај неговите следбеници.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

„Да се бакнува ќерка во уста ги руши сите граници што мора да постојат помеѓу родителот и детето“, „Бев шокиран кога го видов ова“, „Ова не е нормално“, „Ова не е начин да се третира една ќерка или кое било друго дете“, се вели во некои од шокираните коментари упатени до Бекам.

Бекам се најде во слична ситуација пред две години кога објави серија фотографии од неговата ќерка како се лизга, меѓу кои и една како ја бакнува во уста. Во исто време, голем број негови следбеници го критикуваа чинот.

Дејвид Бекам е во брак со Викторија од 1999. година, а парот има четири деца: синовите Бруклин Џозеф, Ромео Џејмс и Круз Дејвид и ќерката Харпер Севен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини