БЕКАМ И СОПРУГАТА ГИ РАСПНАА ЗА МИЛИОНСКАТА СВАДБА Невестата на сите им ја затвори устата
Никола на своето презиме на Инстаграм го додаде Бекам, а со своите следбеници сподели видео од големата свадба.
Младиот пар минатиот викенд вплови во брачните води, а нивните богати семејства потрошија милиони фунти за венчавката.
Поради раскошот во кој се одржа венчавката, Никола Пелц и Бруклин Бекам ги критикуваше јавноста дека не ги почитувале семејствата кои страдаат за време на војната во Украина.
View this post on Instagram
Двојката имаше традиционална еврејска церемонија за време на која Бруклин со пета скрши чаша во салфетка, а нивниот прв бакнеж траеше шест секунди.
За венчавката добија електричен „јагуар“ од 1954 година, вреден 350.000 фунти од Дејвид и Викторија Бекам.
Пред венчавката потпишаа предбрачен договор, за да ги заштитат милионите кои лежат на сметките на нивните родители. Богатството на таткото на Никола се проценува на 1,7 милијарди долари, а Бекамови имаат трипати помалку.
View this post on Instagram