„БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ВО ЈУНИ ДОБИЛ 13,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДРЖАВАТА Што е сработено за овие пари?

За првата делница  Тетово - Гостивар  завршени се 100% од геотехничките истражувања, за делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 74%, а за Прилеп-Битола 63%. 

171

На конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во јуни  му биле исплатени 830.336.364 денари (13,5 милиони евра)  од страна на Државни патишта, покажува  Извештајот од надзорот за прогрес на работите.

Според Извештајот заклучно со јуни завршени се 87% од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово – Гостивар,  78% за Гостивар – Букојчани,  а  78% за делницата Прилеп – Битола.






За првата делница  Тетово – Гостивар  завршени се 100% од геотехничките истражувања, за делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 74%, а за Прилеп – Битола 63%.

Евидентиран е и напредок  од 72% на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово – Гостивар, од 36% за Букојчани – Гостивар,  а од 52% за Прилеп – Битола.

Во активностите, изведувачот заклучно со јуни ангажирал 2.029 лица и 10.141 градежна машина.

Од почетокот на годинава, покрај исплатата на 830.336.364 денари во јуни, кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од  599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и една во мај од 681.026.665 денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени  261 милион евра.

Од четирите планирани делници со Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра што беше склучен во март 2023 година, нема никакви активности за Требеништа  – Ќафасан, каде, според најавите, ќе се ревидира трасата за да се зачува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.

Поврзани содржини