„БЕХТЕЛ И ЕНКА“ БАРА 4.000 РАБОТНИЦИ И ИНЖЕНЕРСКИ КАДАР Азески очекува повеќе домашни компании да работат на коридорите 8 и 10д
Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.
Поддршка за обезбедување на работна сила од 4 000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници, побара раководството на компанијата „Бехтел и Енка“ на средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на која се разговарало за динамиката за остварување на планираните активности.
Азески, пак, како што соопштија од Комората, побарал домашни компании да бидат максимално вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д и дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.
Како што соопштија од Комората, Стопанската комора стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д.
„Комората ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години“, се наведува во соопштението.
Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.
Договорот со „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.
„Бехтел-Енка” во регионот има реализирано проекти за изградба на автопатишта во Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Турција и Романија. Заедно, „Бехтел-Енка” имаат изградено повеќе од 28.000 километри автопати и патишта, 100 тунели и 26 големи мостови.