БЕГСТВОТО НА КИДНАПЕРИТЕ НА КАЈМАКОСКИ БИЛО КАКО НА ФИЛМ Српската полиција ги ловела со термокамери и со дронови пред да се судрат

Поширокото подрачје на Рума веднаш било ставено под целосна блокада. На терен биле ангажирани припадници на жандармеријата и специјалните единици, со поддршка на техничката дирекција. Се користела опрема за термичко снимање, службени кучиња за следење и беспилотни летала, со цел напаѓачите што побрзо да бидат лоцирани.

423

Немал поим што му се случува, а неколку часа подоцна преживеал траума што ретко се гледа и во криминалните хроники. Во јавноста се појави снимка на која се гледа како Даниел Кајмакоски настапувал во луксузен белградски ресторан, непосредно пред да биде киднапиран во срцето на српската престолнина.

Снимката, која кружи на социјалните мрежи, го прикажува пејачот на сцена, облечен во црно одело со светки. Пее, се движи слободно, комуницира со публиката. Ништо не навестува дека по симнувањето од сцената ќе биде вовлечен во сценарио налик на акционен трилер.






Пиштол и нож, закана во сопствениот автомобил

Клубот „Ла Фајет“, каде што Кајмакоски настапувал, се наоѓа во непосредна близина на „Бетон Хала“. Токму на таа локација, според сознанијата на локалните медиуми, пејачот бил пресретнат со нож и со пиштол во моментот кога седнал зад волат на неговот „Volvo XC“ кое било паркирано кај кружниот тек на трамвајот кај улицата Караѓорѓева бр. 2-4.

Киднаперите му ги врзале рацето со селотејп и го возеле во неговото сопствено возило, барајќи 20.000 евра за негово ослободување.

Термални камери, службени кучиња, специјалци и дронови

Возењето од Белград се претворило во кошмар без пауза. Поширокото подрачје на Рума веднаш било ставено под целосна блокада. На терен биле ангажирани припадници на жандармеријата и специјалните единици, со поддршка на техничката дирекција. Се користела опрема за термичко снимање, службени кучиња за следење и беспилотни летала, со цел напаѓачите што побрзо да бидат лоцирани.

Киднаперите тргнале кон Рума, со јасна намера да ја напуштат градската зона. Во еден момент, додека се обидувале да ја напуштат улицата Караѓорѓева улица и да се вклучат кон Бранковскиот мост, наишле на патрола од оперативци на Управата за криминалистичка полиција, кои вршеле редовни активности.

Полицијата се обидела да го запре белото „волво“. Возилото кратко забавило, а потоа возачот нагло притиснал на гаста. Започнала драматична потера низ центарот на Белград, преку Бранковскиот мост, покрај Палатата на Србија и Белградската арена, па сè до автопатот кон Шид. Киднаперите очигледно се обидувале да стигнат до границата.

Бизарна закана, „пред твојот стан сме“

Внатре во автомобилот се одвивала психолошка тортура. Возачот му се обраќал на Кајмакоски на лош англиски, а инструкциите ги преведувал на турски јазик за својот соучесник. Пиштол цело време бил вперен во главата на пејачот. Барањето било јасно, веднаш да се обезбедат 20.000 евра.

За да го скршат отпорот, киднаперите изнеле морничава закана. Тврделе дека нивни луѓе веќе се пред семејниот стан на Кајмакоски и дека неговата сопруга и децата се во животна опасност ако парите не се подготват или ако полицијата продолжи со потерата.

По поминувањето на наплатната рампа кај Шимановци, во потерата се вклучиле и полицајци од сообраќајната полиција во Рума. На излезот од автопатот била поставена блокада. При обидот да ја избегне, возачот ја изгубил контролата врз Волвото и со голема брзина се удрил во заштитниот насип.

Преживеал, одбил лекарски преглед

Во хаосот што следел, двајцата вооружени напаѓачи искористиле темнина и густата вегетација покрај патот. Излегле од возилото и побегнале во непознат правец. Полицијата го пронашла Кајмакоски во смачканиот автомобил, со селотејп на рацете, видливо потресен, но без сериозни телесни повреди.

По завршувањето на акцијата, Кајмакоски бил пренесен во службените простории на Управата за криминалистичка полиција. По консултација со дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград, тој дал детална изјава за трауматското искуство. И покрај силниот стрес, пејачот одбил лекарски преглед.

Мајката на познатиот пејач Даниел Кајмакоски проговори по драмата со киднапирањето што го вознемири регионот. Најважното, рече, е дека нејзиниот син е жив.

Обвинителство во Србија случајот официјално го квалификувало како кривично дело киднапирање. Наредено било итно собирање ДНК траги од возилото и анализа на снимките од безбедносните камери на автопатот и наплатните рампи, со цел напаѓачите да бидат идентификувани и изведени пред правдата.

Поврзани содржини