БЕГАЛЦИ ГО ОКУПИРАА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ Американската војска предупреди со рафали во воздух (ВИДЕО)

Влезот на единствениот аеродром во главниот град се собираат огромни групи граѓани кои се обидуваат да избегаат од Талибанците.

339

Американската војска отвори предупредувачки оган во воздух откако на аеродромот во Кабул се појавила група луѓе на пистата за полетување, кои се обидуваат да побегнат од Авганистан.

Претходно, телевизијата Ал Џезира објави дека аеродромот во Кабул е во хаос поради интензивните летови со хеликоптери кои ги пренесуваат припадниците на дипломатските мисии во Авганистан. Телевизијата информира дека околу влезот на единствениот аеродром во главниот град се собираат огромни групи граѓани кои се обидуваат да избегаат од Талибанците.






Претходно, во соопштението, американскиот Стејт департмент вети американската војска ќе ја обезбеди безбедноста на аеродромот во Кабул. Амбасадата на Вашингтон во Авганистан е целосно евакуирана.

– Целиот персонал на амбасадата се наоѓа во просториите на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, чиј периметар го обезбедува американската војска – изјави портпаролот Нед Прајс неколку часа откако Талибанците ја презедоа контролата врз Кабул.

Поврзани содржини