БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА, ПА УДРИЛ ВО КАМИОН Фатен 25-годишен бегалец баран за обид за убиство

Инцидентот се случил околу 7:20 часот на локалниот пат Арачиново – Ченто, кога полициски службеници се обиделе да го запрат осомничениот додека управувал возило тојота јарис со скопски регистарски ознаки. Наместо да застане, тој забрзал и продолжил со движење кон автопатот Тетово – Скопје, по што била организирана полициска акција за негово запирање.

412

Баран криминалец кој одбил да застане на полициски знак бил приведен утринава откако со возилото удрил во камион за време на потера. Станува збор за 25-годишниот Б.З. од село Мојанци, општина Арачиново, кој бил баран со потерница за издржување мерка притвор поради поврзаност со обид за убиство.

Инцидентот се случил околу 7:20 часот на локалниот пат Арачиново – Ченто, кога полициски службеници се обиделе да го запрат осомничениот додека управувал возило тојота јарис со скопски регистарски ознаки. Наместо да застане, тој забрзал и продолжил со движење кон автопатот Тетово – Скопје, по што била организирана полициска акција за негово запирање.






„Лицето не го почитуваше знакот за запирање и се обиде да избега. Веднаш презедовме мерки за негово лоцирање и запирање, а потерата заврши откако осомничениот удри во товарно возило нисан кај клучката Стајковци“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

По судирот, полициските службеници успеале да го совладаат и приведат, а по проверките било потврдено дека се работи за бегалец кој бил баран за кривично дело.

Министерството за внатрешни работи потврди дека Б.З. е вмешан во случајот на обид за убиство што се случил на 5 октомври 2024 година во Скопје. Според полицијата, тогаш на улицата Цветан Димов лицето Б.Б. од огнено оружје пукал кон А.Б., нанесувајќи му прострелна рана. По нападот, Б.З. му помогнал на напаѓачот да побегне со возило.

„Против двајцата осомничени беше поднесена кривична пријава на 1 ноември 2024 година, а за Б.З. беше издадена мерка притвор во отсуство. Со неговото денешно апсење, тој е спроведен во Казнено-поправната установа ‘Затвор Скопје’ за издржување на мерката“, додаваат од МВР.

Полицијата потврдува дека со оваа акција е приведен уште еден бегалец од правдата и најавува засилени контроли за пронаоѓање на лица кои се бараат со потерници.

Поврзани содржини