БЕГАЛ 11 ГОДИНИ, СЕ КРИЕЛ, А СЕГА СЕ НАЈДЕ ЗАД РЕШЕТКИ Конечно приведен осомничениот за убиство кај Жеровјане

Против осомничениот е поднесена кривична пријава, а од страна на судот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена“, се наведува во соопштението од полицијата.

1,413

Полицијата во Тетово, во соработка со Секторот за општ и насилен криминал, привела лице од село Порој, осомничено за извршување на кривичното дело „убиство“, извршено пред повеќе од една декада.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 ноември 2024 година, околу 16:30 часот, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, лишен од слобода бил Ш.Ш. (41) од село Порој, поради основано сомнение дека на 12 октомври 2013 година го извршил убиството на регионалниот пат од село Пирок кон село Жеровјане.






„По наредба на Основен суд Тетово, извршен е претрес во домот на Ш.Ш. во село Порој. Против осомничениот е поднесена кривична пријава, а од страна на судот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена“, се наведува во соопштението од полицијата.

Истрагата продолжува, а полицијата ќе преземе дополнителни мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини