„БЕГАЈ ИЛИ ЌЕ ТЕ ЛИНЧУВААТ“ Исповед на момчето кое управуваше со рингишпилот во Пефкохори каде загина 19-годишниот Јани

Бев во шок. Исплашен. Ми рекоа да бегам, дека посетителите ќе ме линчуваат. Тоа ми го кажа лице кое со години работи во забавниот парк, кое е партнер на сопственикот. Отидов да се напијам малку вода, да се смирам. Кога се вратив ми рекоа да си одам дома да не ме види никој. Отидов дома, ми рекоа да си ги спакувам работите, дека ќе ме однесат во Кукуш каде ќе се кријам два дена, вели момчето кое управувало со рингишпилот во Пефкохори.

942

Грчки „Екатимерини“ пишува дека лулашките и рингишпилите во забавниот парк во Пефкохори во Грција каде минатата недела загина 19-годишниот Јани, наводно, биле продадени за отпад уште во 2020 година, но дека новиот сопственик одлучил да ги задржи во функција откако направил импровизирани поправки.

Ова го тврди претходната сопственичка на лунапаркот која била повикана да сведочи пред истражен судија. Жената наводно го контактирала таткото на Јани и му рекла дека во 2020 година го продала смртоносното возење наречено „Луд танц“ на сегашниот сопственик.






Во меѓувреме, грчките медиуми објавија сведоштво на момчето кое управуваше со вртелешката во забавниот парк во Пефкохори на денот кога загина Јани. Момчето тврди дека по несреќата газдата му наредил да побегне, велејќи му дека посетителите ќе го линчуваат, пренесува српски Телеграф.

Кобната несреќа се случи на 19 август кога Јани дошол со мајка си и браќата во луна паркот да се забавува. Кога тој и неговиот брат биле на вртелешката, седиштето се скршило, Јани излетал, паднал на бетонот и останал мртов на самото место.

Во драмата што следела, момчето кое управувало со рингишпилот побегнало од местото на несреќата, а на полицијата ѝсе предал дури следниот ден, откако слушнал дека го уапсиле неговиот газда, сопственик на забавниот парк.

– Во шок сум. Многу ми е тешко. Сочувство до семејството на загинатиот. Се исплашив, бидејќи прв пат гледам такво нешто во животот. Жалам за тоа… Тоа детето неправедно умре, но повторно не сум јас виновен, им изразувам сочувство на родителите – рече младиот човек кој управуваше со рингишпилот.

Тој тврди дека во моментот на трагедијата не бил под дејство на алкохол.

– Тој рингишпил имаше неколку сини и жолти столчиња, но само розевите беа добри, а тој човек седеше на сината столица. Шефот ми рече да ги префрлам луѓето само на розовите столчиња. Така што ги преместив.

Момчето вели дека после тоа сè било хистерично.

– Бев во шок. Исплашен. Ми рекоа да бегам, дека посетителите ќе ме линчуваат. Тоа ми го кажа лице кое со години работи во забавниот парк, кое е партнер на сопственикот. Отидов да се напијам малку вода, да се смирам. Кога се вратив ми рекоа да си одам дома да не ме види никој. Отидов дома, ми рекоа да си ги спакувам работите, дека ќе ме однесат во Кукуш каде ќе се кријам два дена – вели момчето.

Тој посочува и дека не знаел во каква состојба се машините во забавниот парк.

– Да знаев, немаше да ги оставам да седнат на вртелешката, ништо не знаев – рекол младиот човек.

Јани загина на 19 август во вечерните часови во забавен парк во Пефкохори. Со него на вртелешката бил и помалиот брат (16), додека другиот брат и мајка му ги гледале како се возат.

ТОЈ СЕ НАВЕДНУВАШЕ ДА МЕ БАКНЕ, СЕГА ЈАС СЕ НАВЕДНУВАМ ДА ГО БАКНАМ Таткото на починатото момче во Пефкохори се закани дека ќе ги казни виновниците

 

Поврзани содржини