БЕГАЈЌИ ОД ОВЧАРСКИ КУЧИЊА СЕ КАЧИЛЕ НА ТЕЛЕФОНСКИ СТОЛБ Тројца Белгијци го изедоа стравот во Дебарско

Oткако поставиле камп шатор, биле нападнати од овчарски кучиња, а бегајќи се качиле на столб за мобилна телефонија.

308

Тројца Белгијци кои кампувале во планинскиот појас над Дебар биле нападнати од кучиња и побарале помош од полицијата.

Како што соопшти полицијата, на 22.09.2025 во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над Дебар, но биле нападнати од кучиња. Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото. Таму заедно со ловочуварот од селото Новак ги пронашле тројцата планинари, белгиските државјани Л.М.(42), М.Л.К.(62) и Ј.Ј.(41), кои бие безбедно пренесени до нивното моторно возило.






Тие појасниле дека откако поставиле камп шатор, биле нападнати од овчарски кучиња, а бегајќи се качиле на столб за мобилна телефонија. Лицата биле во добра здравствена состојба, без повреди.

Поврзани содржини