БЕБЕТО ОД ОМОТОТ НА „НИРВАНА“ ЌЕ ГИ ТУЖИ ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА Доживотно ќе страдам!
Елден бара отштета од најмалку 150.000 американски долари од секој 15-те обвинети во случајот, вклучувајќи ги и живите членови на бендот, Дејв Грол и Крис Новоселиќ, менаџерот на имотот на Курт Кобејн, поранешната сопруга на Кобејн, Кортни Лав и фотографот Крик Ведли.
Спенсер Елден, човекот кој како бебе се најде на насловната од албумот „Невермајнд“ на рок бендот „Нирвана“, сега ги тужи музичарите за детска порнографија, јавува Би-Би-Си. Елден, тогаш четиримесечно бебе, во базен фаќа пара која виси на јадица.
Денес, на 30-годишна возраст, Елден вели дека неговите родители никогаш не потпишале дозвола за бендот да ја користи неговата фотографија како насловница на албумот „Невермајнд“.
„На фотографијата е откриен интимен дел од телото на Спенсер, кога бил бебе“, се тврди во тужбата.
Не голото бебете, туку доларот до него ја прави порнографијата
Според американските закони, несексуалните фотографии на доенчиња не се сметаат за детска порнографија.
Меѓутоа, адвокатот на Елден, Роберт Луис, вели дека банкнотата, која е вметната во фотографијата отпосле, го прикажува малолетното лице да изгледа како „сексуален работник“.
Во тужбата се наведува дека од бендот „Нирвана“ ветиле дека ќе ги покрие половите органи на Елден, но не го исполниле договорот.
Елден тврди дека неговиот вистински идентитет и име се засекогаш поврзани со комерцијалната сексуална експлоатација што ја доживеал како малолетник, а која била дистрибуирана и продавана низ целиот свет.
„Доживотно ќе страдам, затоа дајте ми 150.000 долари“
Тој тврди дека страдал и ќе страда доживотно, дека се соочува со големи и трајни емоционални потешкотии, како и попречување на неговиот нормален развој и образовен напредок.
Елден бара оштета од најмалку 150.000 американски долари од секој 15-те обвинети во случајот, вклучувајќи ги и живите членови на бендот, Дејв Грол и Крис Новоселиќ, менаџерот на имотот на Курт Кобејн, поранешната сопруга на Кобејн, Кортни Лав и фотографот Крик Ведли.
Претставниците на Нирвана и нивните издавачки куќи сè уште не одговориле на овие тврдења.
Елден како тинејџер, а и како возрасен, неколкупати се фотографираше на истиот начин како насловната фотографија на албумот, во чест на одбележување на 10, 20 и 25-годишнината од неговото постоење.
Hey #SpencerElden….this you? pic.twitter.com/G0AboBwSrh
— SarahEW35 (@SarahEW35) August 25, 2021
Меѓутоа, во различни изјави, тој даде различни мислења во врска со фотографиите.
„Сите го имаат видено мојот пенис“
За магазинот Тајм во 2016 година, изјави дека, како што стареел, бил малку вознемирен затоа што бил славен.
-Штом прогледав, веќе бев дел од овој огромен проект. Тоа е доста тешко, се чувствувате како да сте познати за ништо. Тешко е да не се вознемирите кога ќе слушнете колку пари се во прашање – изјави Елден.
-Кога одам на бејзбол натпревар си велам: веројатно сите на овој натпревар го имаат видено мојот мал пенис. Се чувствувам како да ми се одземени човековите права.
„Фотката сепак, ми помогна во животот“
Додека пак, од друга страна, пред шест години за Гардијан, изјави дека тоа што го има на насловна на овој албум отсекогаш било позитивно искуство кое му отворило многу врати.
-Сега имам 23 години и сум уметник, а оваа приказна ми даде можност да соработувам пет години со Шепард Фери, што беше одлично искуство – изјави Елден, додавајќи дека штом Фери чул дека бебето од албумот на Нирвана е токму Елдер, рекол дека тоа е навистина одлично.
Им дале 200 долари на неговите родители и завршиле работа
Во изјавата за американската радио мрежа НПР во 2008 година, таткото на Спенсер, Рик, раскажа како настанала фотографијата и дека всушнотс фотографот Кирк Ведли, за кого рече дека е нивни семеен пријател, му понудил 200 долари за да го фотографира бебето.
-Правевме голема забава на базенот и никој немаше претстава што се случува – рече тој.
Семејството бргу заборавило на фотографирањето, сè додека по три месеци не ја виделе паковката на албумот на ѕидот на издавачката куќа Тауер Рекордс, во Лос Анџелес.
Два месеци подоцна во статија на НПР излезе вест: „Издавачката куќа Гефен Рекордс му го испарати платинестиот албум и плишано мече на едногодишниот Едлер Спенсер“.
Албумот „Невермајнд“, кој ги содржи хитовите Smells Like Teen Spirit, Come As You Are, Lithium, е продаден во 30 милиони примероци ширум светот.
Spencer Elden a sacado lana recreado la foto a quien se lo pida y pague.
Ahora como ya no hay ventas va por demanda para seguir nadando con lo mejor que le pasó en la vida, ser la portada de *el álbum* de Nirvana. pic.twitter.com/v6gVpuHcja— Omar Dávila (@OmarDavila) August 25, 2021