Бебе сокол спасено и предадено во ЗОО (ФОТО)
Малата птица беше падната на земја и опколена со чавки кои ја колваа и сигурно ќе настрадаше доколку работниците не ја спасија и ја однесоа во Зоолошката градина - соопштија од ЈП „Паркови и зеленило“.
При извршување на своите редовни работни активности во населбата Карпош 4, вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје забележале како група на чавки се собрала околу млад сокол и го напаѓале.
– При извршување на редовните активности нашите вработени од пунктот во Карпош 4 спасија од сигурна смрт млада птица сокол од видот ветрушки. Малата птица беше падната на земја и опколена со чавки кои ја колваа и сигурно ќе настрадаше доколку работниците не ја спасија и ја однесоа во Зоолошката градина од каде ќе биде предадена на одгледувач – љубител на птици на опоравување и згрижување – стои во соопштението на ЈП „Паркови и зеленило“.