Бебе се заразило со ковид-19 додека било во стомакот на мајката
Новороденчето имало воспаление на мозокот неколку дена по раѓањето, состојба која се појавила откако вирусот преминал преку плацентата пред породувањето. Машкото бебе сега се опоравува.
Француски лекари го потврдиле првиот случај на пренесување на ковид-19 од бремена жена на нејзиното бебе додека било во утробата, пишува „Гардијан“.
Новороденчето имало воспаление на мозокот неколку дена по раѓањето, состојба која се појавила откако вирусот преминал преку плацентата пред породувањето. Машкото бебе сега се опоравува.
Бројни студии ги следеле новородените бебиња со ковид-19, но досега, тие не можеа да ја исклучат можноста дека бебињата се заразиле за време или набргу по породувањето.
– За жал, во овој случај, нема сомнежи околу преносот на вирусот преку плацентата. Ова е необичен случај, но сега е јасно дека тоа може да се случи – вели првиот човек на педијатријата во болницата во Париз, Даниел де Лука.
Мајката (23 години) била примена во болница на 24 март. Таа имала висока температура и кашлица. Тестот покажал дека таа е позитивна на ковид-19.
Три дена по приемот во болницата, лекарите забележале проблеми со бебето, па брзо бил изведено со царски рез. Бебето било изолирано и интубирано. Тестот брзо покажал дека бебето е позитивно на вирусот, а понатамошните истражувања покажале дека детето се заразило преку крвта на мајката во плацентата.
– Причината зошто вирусот не бил откриен порано е дека ви требаат многу примероци. Ни треба крвта на мајката, новороденчето, од папочната врвца, плацентата, амнионската течност и тоа е многу тешко да се собере среде пандемија и вонредни околности – објасни Де Лука.
Тој додава дека и претходно имало сомнителни случаи, но никој немал можност да испита сè и да ја провери патологијата на плацентата, пренесува „Гардијан“.
Највисокото ниво на вирусот се наоѓа во плацентата, кое е богато со истите рецептори кои се наоѓаат во белите дробови и кои вирусот ги користи за да ги нападне човечките клетки.
Иако бебето првично се чинеше здраво, третиот ден станало раздразливо и почнало лошо да јаде. Тоа покажало невролошки симптоми поврзани со менингитис, а натамошното испитување откри знаци на глиоза, несакан ефект на невролошки повреди кои можат да доведат до лузни на мозокот.
Во времето кога се родило бебето, немало клинички упатства како да се лекуваат заразените бебиња. Лекарите ја сметале употребата на ремедивир, антивирусен лек, но бидејќи бебето постепено се опоравувало без помош, не биле вклучени одредени лекови. Де Лука вели дека сега состојбата на бебето е „скоро нормална“.
– Лошата вест е дека во овој случај, фактот дека вирусот може да достигне до бебето и да предизвика симптоми. Добрата вест е дека бебето на крајот се опорави. Клинички е добро – рече тој.
На прашањето дали бремените жени треба да бидат особено внимателни во однос на социјалното растојание и миењето на рацете, за да се намали ризикот од инфекција, Де Лука рече дека станува збор за здравиот разум, без разлика дали сте бремени или не.