Бебе се удавило при крштевка, Црквата не го менува ритуалот

На шестнеделното бебе му застанало срцето и итно е префрлено во болница каде починало неколку часа подоцна, а аутопсијата покажала дека момченцето имало вода во белите дробови.

861

Православната црква во Романија е под голем притисок да го смени начинот на крштевање откако едно бебе умрело по церемонијата која вклучува потопување на детето три пати во света вода.

На шестнеделното бебе му застанало срцето и итно е префрлено во болница каде починало неколку часа подоцна, а аутопсијата покажала дека момченцето имало вода во белите дробови.






Обвинителството покренало истрага против свештеникот во градот Сукеава на североистокот на земјата, пишува АФП.

Набрзо по веста за смртта на детето на социјалните мрежи се појавила онлајн петиција која ја потпишале повеќе од 56.000 луѓе за да се промени ритуалот на крстење.

– Смртта на новороденчето поради таа пракса е огромна трагедија.Овој ризик мора да се исклучи за да триумфира радоста на крштевањето – пишува во текстот на петицијата.

Локалните медиуми пренесуваат дека изминативе години имало неколку слични инциденти. Портпаролот на Романската црква Василе Банеску изјавил дека свештениците можат да истураат малку вода на челото на бебето наместо цело да го потопат, ама архиепископот Теодосије, водачот на традиционалното крило во Црквата, порачал дека ритуалот нема да се смени.

Повеќе од 80 отсто Романци се православни и Црквата е една од институциите на која најмногу и веруваат.

Поврзани содржини