БЕБЕ ПОЧИНА ВО ЧАМЕЦ ОД ТОПЛОТЕН УДАР Родителите ја однеле на езеро во Аризона на +48 степени!

Телото на бебето е испратено на обдукција, но лекарите велат дека бебето имало симптоми на топлотен удар по пристигнувањето во болница.

560

Четиримесечното бебе Тана Ра Вроблевски почина од топлотен удар на езеро во Аризона додека со своите родители била во чамец.Додека биле во чамецот, на бебето одеднаш му се слошило и набрзо изгубило свест. Родителите со чамецот веднаш стигнале до брегот и повикале помош.
Бебето веднаш било пренесено во болница, каде лекарите неуспешно се обиделе да ја реанимираат, пренесува Телеграф.

– Ние сме уништени, нашите срца се скршени. Нема зборови со кои може да се опише она што го чувствувам. Ти беше совршена. Те сакаме бескрајно, засекогаш ќе бидеш наш ангел – изјави во солзи мајката на бебето, пренесуваат американските медиуми.






Телото на бебето е испратено на обдукција, но лекарите велат дека бебето имало симптоми на топлотен удар по пристигнувањето во болница.

Тој ден на езерото во Аризона температурата на воздухот достигнала 48 степени.

Поврзани содржини