БЕБЕ НА КОНЦЕРТ? Зошто да не, не се пропушта Дeпеш Мод, нели?
Млади родители се појавиле на концертот на британскиот бенд Депеш Мод во полната Арена Загреб, со двете деца, тригодишно момче и бебе старо само неколку месеци. Мислењата се поделени. Дали вие би отишле на концерт со неколкумесечно бебе?
На концертот на Депеш Мод, во полната Арена Загреб се појавиле и млади родители со две деца. Ова за Јутарњи лист го пријавила читателка која испратила и фотографии од момче на околу тригодишна возраст и бебе старо неколку месеци.
Бебето било во марама на градите на мајка си и исто како и неговиот постар брат имало слушалки на ушите.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.