🎥 БЕЌИР АСАНИ СЕ ВРАЌА ВО КАМПОТ НА АЛИ АХМЕТИ И НА БУЈАР ОСМАНИ Човекот што нападна полицајка ќе помага во битката за Чаир?!

Беќир Асани е контроверзен лик. Покрај нападот врз жена полицајка и врз двајца познати новинари, „силниот човек“ од Чаир бил инволвиран и во други случаи на насилства. Неговото појавување во шаторот на ДУИ се смета како знак дека четата на Али Ахмети го вади последното „оружје“ во битката против Вреди.

1,478

На социјалните мрежи осамна фотографија на која Али Ахмети и Бујар Османи, кандидатот на ДУИ за градоначалник на скопската општина Чаир, на предизборен собир се во друштво на контроверзниот Беќир Асани.

Ова е снимка од 10 септември, во шаторот на ДУИ пред партиското седиште во Чаир, ден после големиот партиски собир на Вреди, во паника после резултатите од анкетите кои покажуваат предност на Изет Меџити.






Беќир Асани беше познат функционер на ДУИ, своевремено и шеф на огранокот во Чаир, маркиран како неформален „силен човек“ на партијата на таа територија.

Во јавноста е познат по неколку инциденти, каде беше осомничен за насилство или нарушување на јавниот ред.

Најпознат од нив е случајот кој се случи за време на конфронтација со „пајак“ службата, кога нападна полицајка која учествуваше во подигање на возило. И покрај снимките и другите докази, наместо со кривична, Асани доби само прекршочна пријава, откако полицијата се увери дека тој само и подвикнал на полицајката, а таа сама си ја повредила раката.

Името на „силниот човек“ од ДУИ се спомнуваше и во контекст на обвиненија за злоупотреба на влијание, особено поврзани со градби и имотни прашања. Сепак, до сега не се регистрирани пресуди против него. Тоа се толкува како последица на саботирани и незавршени истраги, отфрлање на пријави, неспроведени или нецелосни доказни активности, како и слабост во институциите да пристапат со целосна транспарентност и отчетност.

Асани не е миленик на јавноста и на медиумите. Пред повеќе години, тој, пред сведоци, во Собранието го удри новинарот на „Коха“ Лирим Дулови. Подоцна, во едно интервју, јавно го нападна тогашниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани, нарекувајќи го „копиле“. И тој инцидент мина неказнето.

Дали враќањето на Беќир Асани во опкружувањето на Али Ахмети и на Бујар Османи значи дека ДУИ го губи тлото во Чаир и дека е потребно да се извади последното „оружје“ во битката со Вреди и со Изет Меџити?

Може ли еден ваков очајнички потег да му донесе политички поени на Бујар Османи?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини