Беќаровски: 41 Словенец го изгубија животот од ковид-19 за 24 часа, но никој не ги тепа здравствените работници

8,816

41 Словенец го изгубија животот во изминатите 24 часа од ковид-19, а никој не ги напаѓа, навредува и тепа здравствените работници, напиша на Фејсбук доктор Нико Беќаровски по информациите дека зачестуваат нападите на здравствените работници од блиски на пациенти заболени од коронавирусот кај нас.

– Словенија и Македонија имаат приближно ист број на жители, но Словенија има 11 пати поголем здравствен буџет. Клиничкиот центар во Љубљана, само за лекови троши колку што е буџетот на Фондот за здравство на Македонија, за сите здравствени намени. Словенија има 3,7 лекари на 1.000 жители, кај нас тој број е 2,7. Словенија има повеќе од 9.000 болнички кревети од кои 80 отсто се со централен довод на кислород, кај нас од приближно 7.000 кревети помалку од 10 отсто. За разликата во платите, условите на работа не е време да компарираме. И покрај сите овие разлики, 41 Словенец го изгубија животот од ковид-19 во изминатите 24 часа, а никој не ги напаѓа, навредува и тепа здравствените работници, напиша Беќаровски.






https://www.facebook.com/niko.bekarovski/posts/10221186612888394

 

Поврзани содржини