БДП ПОРАСНА ЗА 2,3% ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Кој е заслужен за растот?
БДП во првиот квартал изнесуваше 1,2%, а со ребалансот на Буџетот владата проектира раст на БДП за годинава од 2,1%.
Домашниот бруто производ (БДП) во вториот квартал од годинава порасна за 2,3%, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9,5%, а 8,7 % во Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности.
Статистичките податоци покажуваат дека финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално пораснаа за 4,7%, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 74,5%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален раст од 5,2%.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од годинава бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите.
БДП во првиот квартал изнесуваше 1,2%, а со ребалансот на Буџетот владата проектира раст на БДП за годинава од 2,1%.