БДЕЕЊЕ И МОЛК ВО МОМЕНТОТ ШТО ЈА ЗАВИ МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНО Ноќва во Кочани собир во чест на жртвите на пожарот во дискотеката „Пулс“

Во чест на настраданите, во текот на денот беа организирани велосипедска тура и кошаркарски натпревар. Општина Кочани им додели благодарници и признанија на повеќе од 30 поединци и институции кои вложија надчовечки напори при справувањето со трагедијата.

2

Со низа активности во Кочани деновиве се одбележува една година од пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 млади лица и деца, а беа повредени околу 200.

Пред просторот каде што се наоѓаше дискотеката денеска (недела) беа поставени 63 срца со имињата на сите загинати во пожарот. Во чест на настраданите, во текот на денот беа организирани велосипедска тура и кошаркарски натпревар.






На панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“ зборуваа повеќе лекари кои беа директно вклучени во помошта што им се пружи на настраданите во страотната трагедија.

Општина Кочани им додели благодарници и признанија на повеќе од 30 поединци и институции кои вложија надчовечки напори при справувањето со трагедијата.

Во знак на сеќавање на жртвите Здружението на граѓани „16-ти Март“ за ноќеска организира собир пред објектот на поранешната дискотека. Граѓаните се собираат во 2:15 часот по полноќ, а во 2:32 часот, моментот кога пред една година избувна пожарот, со минута молк им се оддава почит на жртвите.

Поврзани содржини