Баварија: Само со „FFP2“ маска во јавен превоз и продавници

Целта на воведување на обврска за носење маски со повисоко ниво на заштита е да се подобри безбедноста во јавниот превоз и трговијата.

848

Во германската покраина Баварија, обврската за носење на специјални заштитни маски од типот „FFP2“ во продавниците и јавниот превоз ќе важи од понеделник, објавија локалните медиуми.

Провинциската влада под премиерот Маркус Седер одлучи дека обичните маски веќе нема да бидат доволни за користење во јавен превоз и продавници.






Седер рече дека „нормалните маски“ служат во пандемија за да ги заштитат другите, додека маските „FFP2“ исто така го штитат лицето кое ја носи.

Целта на воведување на обврска за носење маски со повисоко ниво на заштита е да се подобри безбедноста во јавниот превоз и трговијата.

Тој рече дека е особено загрижен за појавата на новиот вид на вирус, чие ширење мора да се спречи.

Седер потенцираше дека достапноста на маските „FFP2“ е доволна и дека оваа заштитна опрема нема недостатоци.

Поврзани содржини