БАВАРЦИТЕ ИМААТ ЕКОЛОШКО И ЕКОНОМСКО РЕШЕНИЕ Погледнете со што ја заменија солта која ја истураат по улиците (ВИДЕО)
Имено, зимската служба во Баварија од крајот на 2019 година користи преработена вода од производството на кисели краставички, која се збогатува додека не достигне доволен удел на сол (21 процент).
Трета година по ред класичниот начин на одмрзнување на коловозот со сол е заменет со одмрзнување со преработена течност од краставица, се со цел заштеда и зачувување на животната средина.
Имено, зимската служба во Баварија од крајот на 2019 година користи преработена вода од производството на кисели краставички, која се збогатува додека не достигне доволен удел на сол (21 процент).
Веќе по тест фазата стана јасно дека преработената вода од краставици е економски и еколошки поприфатлива од обичната сол на патот, пишува „Geo.de“.
Отпадните води од краставици досега се фрлаа во канализацијата и сега се истураат по патиштата. Во специјален погон водата се пречистува, се чисти и се доставува до работниците на патиштата како саламура.
Баварските власти на овој начин штедат вода, а бенефит има и производителот на краставици бидејќи мора да вложат значително помалку пари во пречистување на отпадните води.