Батлерот со најдолг стаж во Белата куќа Вилсон Рузвелт Џерман почина минатата недела од корона вирус во 91 година, јави Си-би-ес.
Џерман работел во Белата куќа во текот на 11 мандати на американски претседатели, од Двајт Ајзенхауер до Барак Обама. Почнал да работи во 1957 година како чистач, напредувал преку вратар до батлер. Се пензионирал во 2012 година.
Можеби ќе ве интересира
Неговата внука Џамила Гарет за медиумите изјавила дека Џеки Кенеди го промовирала во батлер и дека имал посебен однос со Буш Јуниор.
Џерман имаше сопруга, пет деца, 12 внуци и 18 правнуци.