БАТАЛЕТЕ ГИ КАПСУЛИТЕ, НАПРАВЕТЕ СИ КАФЕ ВО ЃЕЗВЕ Кој е најздравиот начин за подготовка на кафе?
При изборот на сад за готвење, експертите ја препорачуваат француската преса или пак ѓезве. Садовите направени целосно од стакло или не’рѓосувачки челик се најдобри за овој метод.
Експертите советуваат кoj е најздравиот начин за подготовка на најпознатиот пијалак, па правењето кафе го гледаат од аспектите кои најмногу придонесуваат за нашето здравје.
Секоја година ширум светот се пијат огромни 400 милиони шолји кафе, што не е чудно, бидејќи во многу земји правењето кафе наутро е стандарден ритуал.
Од обично кафе до лате и еспресо, овој пијалак е разновиден и задоволува широк спектар на вкусови. Но, дали некогаш сте се запрашале кој е најздравиот начин да направите шолја кафе?
Дали воопшто треба да пиете кафе?
Кафето нуди неколку придобивки, но не секој може да ужива во нив. Вил Кол, автор на книгата „Ketotarian“, објаснува дека луѓето имаат две варијанти на генот за кофеин CYP1A2, кој го контролира истоимениот ензим и одредува колку добро телото го метаболизира кофеинот.
Организмот кој е класифициран како брз метаболизатор добро го поднесува кафето и кофеинот брзо го напушта неговиот систем. Доколку припаѓате на овој тип, тогаш можете да пиете кафе без никакви негативни ефекти и да уживате во неговите здравствени придобивки.
Повеќе за оваа прочитајте на порталот „Арт кујна“.